„Ќе не барате за гратиси“….компаниите за организирање настани протестираа пред Владата

од Берта Китинска

„Ќе нe барате  за гратиси“ „Спасете ја ивент индустријата“ „Thе show must go on“… беа дел од транспаренти  на денешниот протест на пред Влада на компаниите од секторот за организација на настани.

Тие денска излегоа на протест пред Владата под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“.

-Ивент индустријата како професија во моментов е целосно загрозена.Цела година не работиме и не сме препознаени од власта, односно сме препознаени на чуден начин. Ситуацијата е таква како што е бројот на заболени расте и е непримерно да бараме јавни настапи и концерти.Се она што ние го договоривме во нашите барања не е испочитувано од страна на владата, изјави Маја Бабиќ од ИВАП.

Слични содржини