Ќе никнат 378 градби, предвидени нови 757 станови

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2021 година се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 837 810 илјади денари, што е за 3.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (60.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (11.1 %)
за објекти од нискоградба и 108 (28.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 378 објекти, на 226 (59.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 (40.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 757 станови, со вкупна корисна површина од 64 401 м2.

Слични содржини