Ќе оди ли Груевски во затвор на 8 ноември?

од desk2

Адвокатите на Никола Груевски поднеле жалба до кривичниот совет и бараат на екс премиерот да му се одложи одењето во затвор. Дел од нив очекуваат и Груевски лично да побара одлагање на затворот од тричлениот совет од судии.

Тој одлуката ја доби вчера и рокот за таа жалба му истекува в четврток, истиот ден кога треба да се појави во затворот во Шутка. Но, Советот не може да одлучува пред да ги добие сите жалби вели одбраната. Во меѓувреме Груевски побарал и добил потврда од Собранието, дека е член и на уставната комисија. 

„Од Груевски добив писмо со барање и потврда дека е член на уставната комисија, според надлежностите нема причина да не издавам таква потврда и издадов и е доставена.“ – вели Талат Џафери.

Поранешниот премиер за медиумите не сака да говори деновиве. Се огласи преку фејсбук профилот, цитирајќи го Иво Андриќ.

„Беден е оној кој мора некого да понижи за да се издигне себеси“, цитат од Иво Андриќ.

Поддржувачите на поранешниот премиер преку социјалните мрежи се организираат за протест утре пред Кривичниот суд. Во повикот организаторите наведуваат дека му е нанесена неправда. За утре е закажана и комисијата за мандатно имунитетни прашања, на која ќе се одлучува дали треба да му биде одземен пратеничкиот мандат.

Математиките на пратеници засега упатуваат дека не може да се соберат 2-3 односно 80 пратеници за да му биде одземен мандатот.

Извор: 24вести

Слични содржини