Ќе преговараме со Бугарија, се додека не најдеме решение, рече Заев

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека очекува дека „работите да се поместат“ по изборите во Бугарија и дека ќе се формира влада, што, како што рече, би било добро не само за Бугарија, туку и за Северна Македонија и целиот регион.

„После тоа, да продолжиме да преговараме додека не најдеме решение. Нашиот регион е мал, ние мора да соработуваме, да си помагаме и да се интегрираме,поради нашите граѓани “, рече Заев на заедничката прес -конференција со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама во Скопје, по потпишувањето на договорот на иницијативата „Отворен Балкан“.

Заев рече дека Србија, Северна Македонија и Албанија остануваат отворени за сите што сакаат да се приклучат на новата иницијатива и истакна дека силата на регионот лежи во единството, пријателството и соработката.

„Сите сме свесни дека Западот и Европа повеќе ќе не почитуваат и ќе соработуваат со нас доколку сме обединети. Тоа им го должиме на нашите граѓани “, изјави Заев.

Слични содржини