Ќе разговарам со луѓето со различни мислења, вели Ковачевски за Димитриевски

од Nikola Popovski

Доколку станам претседател на СДСМ, ќе разговарам со секого во партијата, што сака да придонесе, вели кандидатот за лидер на владеачката партија и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали би го вратил градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски повторно во партијата.

Тој потенцира дека „ќе разговара со луѓе со различно мислење, за да се извади најдоброто од нив“.

-Имам високо мислење за сите луѓе во партијата, а би повикал и стручни лица од надвор, кои би работеле за доброто на државата. СДСМ го има најдобриот човечки потенцијал во државата. Врз основа на моето искуство во мојата кариера, ќе се потрудам да ги идентификувам најдобрите кадри и ќе привлечам стручни лица од надвор кои ќе можат да преземат одговорност, изјави Ковачевски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини