Ќе се избира новиот состав на ДИК

од Берта Китинска

Собранието на денешната седница ќе избира претседател и членови на Државната изборна комисија и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Досега само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК, а другите имиња официјално не се соопштуваат.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери синоќа закажа нова пленарна седница, откако вчера Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја утврди листата на кандидати за членови на ДИК. Џафери потоа оваа листа со имињата на 14 -те пријавени кандидати ја достави до партиите кои треба да се изјаснат кого ќе поддржат.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.

Слични содржини