Ќе се кандидарам за градоначалник на Скопје и ќе победам, вели Шилегов

од Берта Китинска

После сите шпекулации дека ДУИ и СДСМ на претстојните локални избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник кој ќе биде Албанец, Шилегов откри дека тој планира повторно да се кандидира.

„На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам“,  рече Шилегов.

Не се работи за заеднички кандидат Албанец за  градоначалник на Скопје, одоговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со најавеното изненадување од ДУИ.

„Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер.И логично е  деталите тие да ги соопштат . Се работи за платформа политичка“, порача Заев.

Слични содржини