Ќе се отстранува сонцето од Вергина од објектите и јавниот простор

од desk2

Четиринаесет дена е рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина.

Од Генералниот секретаријат на владата за Телма информираат дека е испратено барање до институциите во рок од 14 дена да направат попис на ваквите објектите, по одлуката на Владата за тоа донесена на почетокот на месецов.

Инаку владата согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од споменици, јавни згради, инфраструктура.

Слични содржини