Ќе се попуштат рестрикциите, ако вирусот го задржи намалениот тренд

од Берта Китинска

Бројот на заболени бележи пад, ако трендовите продолжат во оваа насока на крајот на оваа, и почетокот на идната недела, ќе следуваат и дополнителни попуштања на рестрикциите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека последната одлука за олабавување на мерките не е политичка и со членовите на Комисијата за заразни болести разговара по телефон.

Во однос на вакцинацијата  секој од пријавните граѓани ќе добие термини за вкацинација.

„Ќе се обидеме денеска да видиме и да го идентификуваме проблемот. Искрено, верувам дека одзивот нема да биде ваков и понатаму. Можеби и затоа што е прв ден, можеби затоа што е почеток на ваков систем за масовна вакцинација. Секој од пријавните граѓани ќе добие термини. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават на сајтот за вакцинација“, кажа  министерот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

Слични содржини