Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за рудникот „Иловица“

од desk2

Владата на Република Северна Македонија денеска на седница го задолжи Министерството за економија да ја испитува правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.

Слични содржини