Ќе се прифатат сугестиите: Се повлекува Законот за дивоградбите, ќе поднесе нов

од Берта Китинска

Владата одлучи да го повлече предлог законот за легализација на дивоградби кој е во собраниска процедура. Овој предлог закон помина во законодавниот дом, но претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша указот.

Премиерот Зоран Заев вели дека во законот се остранети колективние згради и објектите на социјално ранливите категории на граѓани. Но, време е вели да ги упишеме, локалните патишта, спомениците на културата, објекти од енергетиката, градинките, училиштата, болниците.

„Во самиот закон се најдени се решенија за граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат своите домови и објекти сега наоѓаме бесплатно тоа да го направат, сите приматели на социјална помош и истовремено да ја легализираме државната инфраструктура“, истакна Заев.

Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски дали пред да се поднесе новото законско решение во Собрание ќе се направи попис и категоризација на  дивоградбите кои се споменуваат како 50 илјади на социјално ранливите граѓани

„ Ние ќе донесеме закон уште порестриктивен, верувам дека ќе се согласиме сите политички партии во Собранието, заедно со НВО, којшто ќе бид еприфатлив за граѓаните а веднаш потоа сите грашани коишто ги исполнуваат овие услови ќе може да аплицираат до матичните општини за да  нивните објекти бидат ставени во можност да бидат ставени во правна рамка и тогаш при нивната апликација ние ќе ги преброиме колку се тие објекти, колку исполнуваат објекти ќе бидат решени а оние кои не исполнуваат услови ќе бидат одбиени.“ – вели министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

Заев потврди дека нема да се легализираат дивоградбите од проектот „Скопје 2014“. Дополнително премиерот тврди дека со новиот предлог за легализација на дивоградбите ќе се легализираат куќите кои се градени како дивоградба до 1 мај годинава.

Слични содржини