Ќе се реконструира салата „Партизан“

од Nikola Popovski

Владата на синоќешната седница ја разгледа информацијата за реконструкција на спортската сала „Партизан“ во Општина Карпош и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да спроведе постапка за избор на изведувач на работите и да ги обезбеди средствата во висина од 70.000.000 денари распределени по годишни износи за 2021, 2022 и 2023 година.

Спортската сала Партизан е изградена непосредно по катастрофалниот земјотрес 1963 година, како донација од Народот на Франција. Спортскиот објект е дело на архитектот Трајко Димитров, кој според првичната идеја требало да има два ката, но според добиените средства е реализирано приземје и еден кат.

Салата со години е демолирана.

Слични содржини