Ќе се следат објектите кои ќе се издаваат и организираат предновогодишни прослави, МВР и Инспекцискиот совет на терен

од Берта Китинска

МВР ги следи издавањата на објекти за прослава на празниците и сериозно ќе превземеме мерки, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при своето гостување во ТВ21.

– За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР ги следиме посебно на издавање на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија, и сериозно ќе превземеме мерки, рече министерот.

Засилени инспекциски контроли во угостителските објекти во пресрет на новогодишните празници најавија и од Инспекцискиот совет .

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска, најави дека ќе има засилени контроли, но ќе зависи од тоа како ќе биде решението.

-Инспекциските служби не учествуваат во процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме. Без разлика, онака како што стојат сега работите инспекторите, особено од Пазарната инспекција, но и од сите други, се постојано на терен и секојдневно максимално ги искористуваат капацитетите и како се приближуваат празниците ве уверувам дека уште повеќе ќе ги интензивираат надзорите, рече Филиповска Грашкоска.

Слични содржини