Ќе се снима филм продолжение на „Breaking Bad“

од desk2

Авторот на хит серијата „Breaking Bad“, Винс Гилиган планира филм продолжение на сагата, речиси пет години откако беше прикажана последната епизода од петтата сезона од шоуто, објави „Варајети“.


Имено, неименуван извор тврди дека се работи за проектот со работен наслов „Greenbrier“ на Њу Мексико Филм Офис, којшто е во претпродукција, и чие снимање почнува во февруари. Во филмот би требало да се појави и Арон Пол, повторно во улога на Џеси.

Од продукциската куќа сѐ уште ниту ги потврдуваат, ниту ги одрекуваат овие наводи.

Слични содржини