Ќе ви го расипе расположението: Одбегнувајте ги овие парчиња облека во изолација

Во древната кинеска фенг шуи вештина, постои верување дека некои парчиња облека можат да го расипат вашето расположение.

Еве кои шест парчиња облека според фенг шуи, носат негативна енергија и најдобро би било да ги одбегнувате за време на изолацијата.

1. Стара и растегната облека

Според ова древно кинеско верување, старата и растегната облека има силна негативна енергија бидејќи се поврзува со сиромаштија, конфликт и неуспех.

2. Црна облека

Експертите за фенг шуи сметаат дека црната и темна облека може да поттикне депресија и дури лоши чувства, што може негаитвно да влијае на психата.

3. Животински принт

Фенг шуи верува дека животинскиот принт на облеката се поврзува со агресивност и немир. Од друга страна, принт кој носи добра енергија и позитивно влијае на личноста која го носи, е цветниот.

4. Риги и геометриски облици

Иако делуваат весело, ригите исто така можат негативно да делуваат врз вашето расположение бидејќи ја пресекуваат енергетската зона и така го нарушуваат внатрешниот мир. Истото важи и за облеката со геометриски принтови.

5. Асиметрија

Целта на фенг шуи е да се постегне рамнотежа на сите аспекти од животот, а асиметријата со тоа потполно се коси, па се верува дека асиметричната облека може да предизвика немир и лошо расположение кај личноста која ја носи.

6. Претесна облека

Не мора да верувате во фенг шуи за да го послужате овој совет. Во претесната облека нема да се чувствувате добро, особено доколку во неа го поминете цел ден, а тоа не е добро ниту за вашето здравје. Додека сте во изолација, немојте да се оптеретувате со тоа како ви стои, туку опуштетесе во удобна, широка и лесна облека.

Слични содржини