Ќе забраниме увоз на тутун се додека не се откупи последната количина од домашното производство, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане на страната на чесниот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ во првата можност ќе го измени законот за тутун и ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение.

Според нив, власта на Заев покажа дека не се грижи за нивниот труд, туку се става на страната на откупувачите и затоа тутунарите не можат да си го наплатат својот труд, се чувствуваат изневерени и погазени.

-На овој начин ќе се постигне повисока откупна цена на тутунарите и реално вреднување на нивната мака и труд. Не смее да се дозволи уште една пропадната реколта во која тутунопроизводителите ќе продаваат килограм тутун по цена од една кутија цигари, цена која не е доволна да ги покрие основните трошоци за производство, а не пак да остане нешто за живот на овие вредни семејства, стои во соопштението.

Слични содржини