Ќе земат ли работниците плата пред празниците? 

од Берта Китинска

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки, но ќе треба повеќе време задоцнетите плати за да стигнат на сметките на работниците.

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава.

Барањата  ќе може да се поднесуваат електронски  преку системите на Управата за јавни приходи  по објавата на законите и подзаконските акти .Со петтиот пакет мерки плата за фeвруари и март треба да добијат околу 60.000 работници.

Во петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати има низа на други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите од ковид кризата.

Денеска треба да биде презентиран и шестиот пакет на мерки.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вчера информираша дека од 27 април влада планира да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но дека будно ќе се следи препораката на Комисијата за заразни болести.

Мерката што денеска ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри Битиќи, е поддршка на  пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени. Тоа значи, како што објасни, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

 

Слични содржини