Кејн не е во составот на Тотенхем, дали е ова потврда за трансфер?

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Хари Кејн, сака да го напушти Тотенхем. Тој се поврзува со трансфер во Манчестер Сити, денешниот противник на неговиот клуб.

Интересно е што Кејн не е во списокот на лондонските „петли“ пред натпреварот со „граѓаните“, кој е закажан за 17:30 часот, а се игра на стадионот Тотенхем во Лондон.

Потсетуваме, Кејн доцнеше на подготовките поради обврските на Европското првенство, а потоа, поради наводната изолација, не се појави на тренинзите на тимот.

Едвај неодамна тој разговараше со новиот тренер на тимот, Нуно Еспирито Санто.

Слични содржини