Кејн реши: Останува во Тотенхем!

од Vladimir Zorba

Англискиот фудбалер Хари Кејн потврди дека нема да го напушти Тотенхем ова лето, но дека ќе даде се од себе за Спарс да постигнат успех оваа сезона.

„Беше неверојатно да се поздрават навивачите на Спарс во неделата и да се прочитаат вашите пораки за поддршка во последните неколку недели. Ќе останам во Тотенхем ова лето и ќе бидам 100 проценти фокусиран да му помогнам на тимот да постигне успех“, напиша Кејн.

Цело лето се зборуваше за заминувањето на Кејн од лондонскиот клуб. Капитенот на Англија, наводно, му рекол на раководството дека сака да ја промени средината.

Се шпекулираше дека може да ја продолжи кариерата во шпански клуб, а се споменуваа и англиски гиганти. Наводно, Манчестер Сити испратил официјална понуда вредна 120 милиони евра.

Сепак, претседателот Даниел Леви не сакаше да го пушти својот најдобар играч, кој има договор со клубот до летото 2024 година.

Потсетуваме, капитенот на Англија го пропушти натпреварот против Манчестер Сити на почетокот на Премиер лигата, а потоа не отпатува со тимот за да гостува во португалската Фереира во четвртото коло од квалификациите за Конференциската лига.

Тој беше првпат на теренот оваа сезона на натпреварот против Вулверхемптон во неделата.

Слични содржини