Кејн: Треба да го прифатиме она што се случи и да продолжиме напред

од Vladimir Zorba

Капитенот на Англија, Хари Кејн, се обиде да остане смирен по шокантниот пораз од Англија со 0-4. Тој призна дека тимот одиграл далеку под своите можности, но нагласи дека нема смисла да се прават драми од овој резултат.

„Разочарувачка вечер. Имавме доволно позиции во првото полувреме, но се случи она што се случуваше во претходните натпревари: ни недостигаше прецизност пред голот. На 0:2 почнавме да играме исклучително слабо. Сега не е време за паника. Треба да ги кренеме главите и да се вратиме посилни во септември“, изјави Кејн.

„Ова е наш прв катастрофален пораз по долго време. Добрата одбрана е во срцето на нашите успеси. Мора да заборавиме на оваа вечер. Треба да го прифатиме она што се случи и да продолжиме напред. Ќе се подготвуваме за Светското првенство учејќи од овие натпревари. Да не го заборавиме патот по кој тргнавме. Игравме полуфинале на Светското првенство во 2018 година и за прв пат по 60 години стигнавме до финале на голем турнир. Сигурен сум дека ќе се претставиме добро во Катар“, додаде напаѓачот.

Слични содржини