Во Бакингемската палата се одржа традиционалниот дипломатски собир кој го организира кралицата Елизабета, а на кој се појавија околу илјада важни гости.

Секако, на овој собир присуствуваа и војводата и војвотката од Кембриџ, на кои ова им е шесто појавување на овој важен настан.

Се работи за многу свечена прилика, а дрес-кодот налага стајлингот да биде умерен и елегантен. Кејт облече долг црн кадифен фустан со потпис на нејзината омилена дизајнерска куќа, Александар Мекквин.

Фустанот е прекроен специјално за оваа пригода и од него се отстранети чипкастите ленти од делот на грбот, бидејќи тие всушност откриваат премногу кожа, што е спротивно на правилата за дрес-кодот за овој настан.

Заедно со фустанот, Кејт ја носеше и популарната тијара на принцезата Дијана, а многумина прокоментирале дека веќе е подготвена за својата идна улога на кралица.

Слични содржини