Кејт Мидлтон и Меган Маркл се забавуваа на финалето на „Вимблдон“

од Vladimir Zorba

Сопругите на принцовите Вилијам и Хари, Кејт и Меган го следеа женското финале на „Вимблдон“.

Војвотките на Кембриџ и Сасекс беа во одлично расположение, често се смееја и разменуваа коментари за случувањата на тениските терени. Двете беа придружени од сестрата на Кејт – Пипа Мидлтон.

Финалето го играа Серена Вилијамс и Симона Халеп. Серена е многу блиска со Меган, која секогаш покажува добар однос кон американската тениска ѕвезда.

Сопругата на Хари, која неодамна го роди принцот Арчи, присуствуваше и минатата недела на натпреварите на својата пријателка.

Слични содржини