Кејт Мидлтон има двојничка: „Заработувам околу илјада фунти на ден“

од Stefanija Kuzmanovska

Габриела Мунро Даглас (33) живее во јужен Лондон со нејзиниот партнер Мајкл (36) и седуммесечните ќерки близначки Меј и Џој, во стан кој успеала да го купи со парите што ги заработи од преправањето дека е Кејт Мидлтон. Заработува околу 1.000 фунти на ден со присуство на корпоративни настани и приватни забави како двојничка на војвотката од Кембриџ.

– Отсекогаш ја виткав косата и носев слична шминка, а кога ќе излезев, луѓето ме гледаа двапати. Често ме запираат. Тоа се случува секој ден – изјави таа за Evening Standard 2013.

На поттик на нејзината болна мајка, таа ги испратила своите фотографии до агенција за двојници и тие наскоро ја испратиле на патување во Австралија со двојникот на принцот Вилијам.

– Во јули 2013 година снимав пред Бакингемската палата кога излегоа вести дека Кејт е во породување со принцот Џорџ. Тоа беше хаос, а туристите ме грабаа за селфи – признава двојничката која додава дека имало и непријатни моменти.

Иако преправањето ѝ овозможило финансиска независност и луда авантура, во 2016 година таа одлучила да ја напушти позицијата на војвотката и да започне сопствен бизнис.

– Беше многу забавно и возбудливо да се претставувам како сопруга на принцот Вилијам. Тоа ми овозможи да го купам мојот прв имот во Лондон. Јас сум неверојатно благодарна на Кејт и мајка ми која ме поттикна на овој чекор“, рече Габриела, која сега е сопственик на кафе бар во западен Лондон.

Слични содржини