Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од кралицата и принцот Филип (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Британското кралско семејство на својот официјален профил на Твитер во средата објави досега невидена фотографија од кралицата Елизабета Втора и починатиот принц Филип со своите внуци. Прекрасното сеќавање го снимила војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во замокот Балморал во 2018 година.

На фотографијата, младиот принц Џорџ стои од левата страна на кралицата, а принцот Луис седи во нејзиниот скут.

Савана Филипс позираше веднаш зад принцезата Шарлот, која седи покрај војводата од Единбург. Десно од него е Исла Филипс која ја држи Лена Тиндал и Миа Тиндал стои десно.

Слични содржини