Кејт Мидлтон откри што ѝ се случило кога го родила принцот Џорџ

Војводата и војвотката од Кембриџ го посетија Бредфорд во Јоркшир, пренесува Hello. Тие таму се запознале со семејствата од проектот Стари и мудри кој ги поддржува бабите и дедовците кои се грижат за внуците.

Кејт исто така ги запознала и госпоѓите кои плетат, а тие и подариле срца и ќебенца направени за принцевите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Во разговор со нив, војвотката ги открила своите искуства со плетењето и признала дека имала мала незгода, непосредно откако се родил принцот Џорџ.

„Се обидував да плетам кога се роди Џорџ. Сакав да му исплетам посебен џемпер, но на пола пат згрешив и се пропадна. Тоа е навистина неверојатна вештина“, рекла Кејт.

За време на нивниот престој во овој центар, на кралскиот пар им беше прикажана и голема торта на која низ фотографии кои се јадат, беше прикажана нивната животна приказна.

Слични содржини