Кејт Мидлтон по три години ѝ ја одзеде ласкавата титула на Меган Маркл

Откако се сврши со принцот Хари, Меган Маркл го залуде светот. Т.н. „Меган ефект“ ја фрли во сенка сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, која веќе три години не е највлијателна трендсетерка на британското кралско семејство. Но оваа година, работите се свртеја во нејзина корист.

Имено, откако Меган и Хари објавија дека се откажуваат од кралските титули и должности и дека се повлекуваат од јавноста, Кејт повторно стана најголема модна инфлуенсерка во семејството, пишува Harper’s Bazaar.

Анализара на онлјан продавницата LovetheSales.com покажа дека модните комбинации кои Кејт ги носела оваа година поттикнале пораст од 159 отсто во онлајн пребарувањата на слични парчиња облека.

Ос друга страна, модните избори на Меган, поттикнале скромни 38 отсто од пребарувањата. Така, Меган, која од 2017 година била највлијателна модна инфлуенсерка од кралското семејство, оваа година прв пат падна на второто место.

Модните експерти сметаат дека за тоа подеднакво е виновен и Мегзитот, како и фактот дека Кејт оваа година направи значителен пресврт во својот стил и нејзините изгледи станаа одважни и поинтересни.

Слични содржини