Кејт Мидлтон се врати во јавноста по изолацијата поради пандемијата на коронавирус и сега фризерите ја фалат нејзината нова фризура, фустанот што го носи се консолидира на врвот на тренд-листата, а чевлите што ги носи со години докажуваат уште еднаш дека војвотката нема проблем со рециклажа на работите.
По неколкумесечна изолација во Норфолк, Кејт Мидлтон излезе во јавноста за да ја поддржи едукативната иницијатива на Би-Би-Си „Tiny Happy People”, која ќе обезбеди голем број бесплатни дигитални извори за да им помогне на децата во развојот. И додека родителите слушаа што зборуваше Кејт, стилистите едвај чекаа да го анализираат нејзиното ново издание.
Нејзината фризура привлече најголемо внимание, која беше освежена и скратена, а исто така на нејзините прамени се забележуваа најпосакуваните нијанси оваа сезона.
Наместо нејзините совршени летни фустани со цветни дизајни, Кејт за оваа прилика избра макси фустан, со потпис на нејзината омилена дизајнерка Емилија Викстед, докажувајќи дека не ги промашува ниту трендовите на тоа поле.
Елегантната кошула-фустан „Анатола“ првично беше продадена по цена од над 1.700 евра, а во моментов е намалена на околу 500.
И, конечно, погледот паѓа на омилените сандали на Кејт Мидлтон, удобни ленти сандали што ги носи со години, а кои веројатно зборуваат повеќе за неа од кој било дизајнерски фустан и модерна фризура.