Кејт Мос со голи гради на снимање на Диор

518 прегледи

Британскиот супермодел и една од најуспешните манекенки на сите времиња, Кејт Мос, викендот го помина во Мајами за да ја претстави најновата кампања за машка облека на Диор, пишува Daily Mail.

За снимањето таа облекла црни пантолони, капа и капут, под кој не носила ништо, па така се појавила во провокативно издание.

Подоцна се пресоблекла и облекла бела кошула и црно здолниште.

Кејт Мос се прослави во ерата на 90-тите, а во 2005 година H&M го раскина договорот со неа поради обвиненијата за поседување дрога. Во времето кога била во врска со нестрашното момче на рокенролот, Пит Дохерти, хајката против манекенката била најизразена, поради нејзиниот начин на живот. Иако тврди дека никогаш не имала проблеми со тешки дроги, Мос своеволно била на рехабилитација попради алкохол.

– Мислев дека алкохолот ќе ме излечи, бев во лош период. Цел мој начин на живот ме направи несреќна, а пијалокот ми помагаше. Побарав помош кога сфатив дека повеќе немам контрола над својот живот – признала Мос.

Пред неколку месеци наводно драстично го сменила својот живот и отогаш е трезна, а гласините за нејзината тешка зависност ја нервираат.

Слични содржини