Кејтлин Џенер не била на списокот на гости: Еве зошто Кортни не ја поканила на свадба

од Stefanija Kuzmanovska

Кејтлин Џенер не ја прескокна намерно венчавката на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, факт е дека таа едноставно ја немаше на списокот на гости, што шокираше многумина.

Извори блиски до парот за „TMZ“ велат дека Кејтлин никогаш не добила покана за гламурозна венчавка во Портофино, но како што понатаму се наведува, причината за тоа секако не е омразата меѓу славниот пар и Кејтлин.

Како што понатаму се наведува, Кортни и Тревис сакале многу мала и интимна церемонија, а Кејтлин едноставно не се вклопила во неа.

Изворот додава дека Кортни и Кејтлин не се мразат, туку дека не се гледаат и не разговараат многу често, па Кортни сметала дека нема потреба да ја покани.

Слични содржини