Кендал Џенер и Девин Букер повторно ставија крај на врската, откриени детали

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Кендал Џенер и кошаркарот Девин Букер веќе раскинаа летово, но потоа се смирија. Сепак, сега, според странските медиуми, дефинитивно одлучиле дека е готово.

Поради премногу обврски, тие пред еден месец ставија точка на љубовта, велат извори за „E!News“, но Кендал и Девин се уште не се огласиле за разделба.

Овој пат, тврди „E!News“, дефинитивно е крај.

Да потсетиме, Кендал и Девин почнаа да се гледаат во 2020 година и во текот на тоа лето веќе патуваа заедно.

Овој септември тие беа видени заедно во Њујорк, а подоцна во октомври убавицата се огласи на социјалните мрежи за да му го честита роденденот на спортистот.

Слични содржини