Кендал Џенер во најпровокативно издание досега: Моделот носи само капа

од Stefanija Kuzmanovska

Кендал Џенер објави една од нејзините најпровокативни фотографии. Сосема сме сигурни дека е доволно да кажеме дека овој пат моделот носи само капа.

Доволно за неа, и за 6,8 милиони лајкови на нејзиниот Инстаграм профил. На објавувањето на оваа фотографија му претходеше раскинувањето на Кендал Џенер со кошаркарот Девин Букер, па оттука и коментарите: „Од каде знаеш дека некој раскинал со дечко без воопшто да ти каже“, „Добро, јасно ни е дека сега раскинавте со дечко ти“.

Тие коментираат дека ова е класичен „очајнички“ потег по емотивен крах.

Кендал Џенер го има најмистериозниот љубовен живот од сите членови на кланот Кардашијан – Џенер. Најмногу се забавувала со кошаркари, а сите врски ѝ траеле кратко.

Слични содржини