Кендал Џенер за борбата со анксиозноста: „Имав чести напади на паника“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата манекенка Кендал Џенер отворено зборуваше за проблемите со депресија, анксиозност и напади на паника.

Поради честите проблеми со нападите на паника, Кендал решила да најде начин да се ослободи од нив.

Имено, таа почнала да пишува дневник и на тој начин го вадела од себе сето она што ја мачи.

„Важно е да имате простор кој е само за вас каде што можете да ја ослободите вашата среќа. Вашиот гнев, фрустрации и стрес, работи кои ве плашат надвор, работи кои ве прават среќни, па дури и само идеи“, изјави Кендал за странските медиуми.

Таа додаде дека нејзиниот дневник е старомоден, и дека го заклучува откако ќе го напише. Уште еден начин да се надминат проблемите е читањето.

„Пред две ноќи имав напад на паника и само помислив: Ох, но знаеш што? Само ќе ја земам оваа книга и ќе се обидам да заборавам“, рече таа.

Кендал смета дека читањето е одлична форма на терапија.

„Сакам да имам работи што се само за мене и за никој друг, знаете? Чувствувам дека читањето е една од тие работи“, додаде манекенката за „Vanity Fair“.

Таа претходно зборуваше за справување со анксиозноста приватно, но и дека нејзината главна поддршка била нејзината мајка Крис Џенер.

„Таа ме одведе да видам голем број лекари само за да се увери дека се е физички во ред, а јас бев. Никој никогаш не ми кажа дека имам анксиозност. Конечно ги добив потребните информации за тоа“, рече Кендал во емисијата Good morning America.

Таа истакна дека не би се нарекувала несреќна, но дека постојат предрасуди дека нема за што да се грижи поради своето богатство.

„Без разлика што некој има или нема, тоа не значи дека нема чувства и емоции од реалниот живот“, заклучила манекенката.

Слични содржини