Раперот Кендрик Ламар следната година ќе настапи на полувремето од Супербоулот, објавија американските медиуми.
Во изјава, Ламар порача: „Рап музиката продолжува да биде највлијателниот жанр до сега. И јас ќе бидам таму за да го потсетам светот зошто е тоа така. Донесоа вистинска одлука“.
„Rock Nation“, „Apple Music“ и „NFL“ во неделата објавија дека Ламар ќе настапи на полувремето на најгледаниот спортски настан во Америка.
Натпреварот и настапот ќе се одржат на 9 февруари 2025 година.
Ламар, кој претходно освои 17 Греми награди, рече дека се радува на неговиот настап и на натпреварот.
Ова не е првпат за славниот рапер да се појави на манифестацијата, со оглед дека во 2022 година настапи на сцената како гостин со неговите колеги Д-р Дре и Снуп Дог.