Керала: Се преврте туристички брод, загинаа најмалку 20 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 21 лице, меѓу кои и деца, загинаа при превртување на туристички брод во индиската држава Керала.

Бродот превезувал околу четириесет патници кога се превртел во близина на крајбрежниот град Танур.

„Бродот бил преполн“, рече Абдул Назар, помлад полициски началник во областа Малапурам.

„Повеќето од жртвите беа деца на школски распуст“, рече министерот за рибарство и развој на пристаништа Керала, В. Абдурахиман.

Се стравува дека бројот на жртвите од трагедијата ќе се зголеми бидејќи бродот е заглавен во матна вода и се извлекува за да се спасат заробените внатре.

Надлежните додаваат дека четири лица се во критична состојба.

Слични содржини