dzon-keri
Американскиот државен секретар Џон Кери в понеделник започнува европска турнеја во рамките на која ќе ги посети Србија, Косово и Грција. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека в понеделник Кери ќе престојува во Париз за да му се придружи на претседателот Барак Обама на отворањето на самитот за глобалните климатски промени. Потоа тој во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Официјално:Исламската држава има свои краци во БиХ

В среда Кери ќе ја посети Приштина каде што, според соопштението, ќе разговара за билатерални и регионални прашања. На 3 декември тој заминува за Белград на состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, а истиот ден оди на Кипар. На 4 декември Кери во Атина ќе се сретне со грчките лидери главно за бегалската криза и реформите во Грција.

Слични содржини