Кери Лам: Поразот на прокинеските кандидати го одразува незадоволството на жителите на Хонг Конг

од Aleksandar Petrovski
Лидерката на хонгконшката влада Кери Лам денеска призна дека големиот пораз на прокинеските кандидати на локалните избори го одразува незадоволството на жителите од начинот на кој владата се соочи со политичката криза во оваа автономна кинеска територија. Изборите ја покажаа загриженоста заради „недоволната способност на владата, како и незадоволството заради времето што и беше потребно да се носи со моменталната нестабилност, и секако, со запирањето на насилството“, рече Лам на прес конференција во градот.

Продемократските кандидати во неделата освоија речиси 90 отсто од мандатите на изборите за окружните совети, изјавија лидерите на опозицискиот блок.

Резултатите од изборите се толкуваат како јасен прекор за Лам заради нејзиниот однос кон насилните протести во Хонг Конг во изминатите месеци.

Слични содржини