Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли го откри својот скриен талент, нема поврзаност со глума (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

И додека нејзините родители се едни од најплатените актери во Холивуд, Шајло Џоли Пит избра сосема поинаква гранка на уметноста во која најдобро се изразува. Станува збор за танц, и тоа хип-хоп кореографија, во која таа буквално плива како риба во вода.

Видеото од 16-годишната Шајло Џоли Пит како танцува во сала за танц во ритамот на популарниот хит „About Damn Time“ набрзо се прошири на социјалните мрежи, а Перез Хилтон го објави на својот Инстаграм.

Русокосата убавица, облечена во црни тренерки, без многу мака и труд ја направи кореографијата и покажа дека е родена со добар танцов ритам.

Слични содржини