Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис: „Не разговарав со мајка ми три години“

од Stefanija Kuzmanovska

Талула Вилис е најмладата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур. По нивниот развод, Деми се омажи за помладиот колега, Ештон Качер.

Качер ја изневери актерката, што влијаело на тоа таа да се препушти на алкохолот. Во своите мемоари „Inside, Out“, Талула откри како се чувствувала кога ја гледала својата мајка во таква состојба.

„Се сеќавам на тегобите кои ќе ми го преплавеа целото тело кога ќе ја видев со полузатворени очи и кога ќе видев како зборува. Беше многу понежна со мене отколку кога беше трезна“, вели Талула, која уште од детството страдала од недостаток на самодоверба и психички проблеми, кои ја доведоа до анорексија, од која боледува и денес.

Во нејзините помлади денови, таа боледувала од пореметување кое предизвикувало преокупација со естетски недостатоци и поради тоа не можела да води нормален живот. Најмногу ѝ пречело тоа што сите ѝ велеле дека е иста како нејзиниот татко.

Најмногу шокираше кога открила дека три години не разговарала со мајка ѝ.

„Не разговарав со мајка ми речиси три години и за тоа време секој Ден на мајката ме претвораше во апсолутна прашина. Тие денови се полни со реклами како да ја расположите својата сакана мајка, каков парфем да ѝ купите, а секоја таква порака ми предизвикуваше болка“, додаде Талула која денес е во добри односи со мајка си, но тој период ѝ останал како вечна лузна.

Големи проблеми имала и нејзината сестра Румер, која се борела со депресија и булимија.

Слични содржини