Ќерката на Џеј Ло трпи страшни навреди поради нејзиниот изглед

од Vladimir Zorba

Латино дивата Џенифер Лопез е постојана мета на папарацо-фотографи кои го следат секој нејзин чекор. Дел од тоа внимание привлекоа и нејзините близначки Ема и Макс, кои, за жал, веќе успеаја да почувствуваат на нивната кожа што значи да се биде дете на познати родители.

Ема, која има само тринаесет години, деновиве е изложена на брутални и застрашувачки коментари на социјалните мрежи, и тоа само затоа што не изгледа „доволно добро“ како нејзината славна мајка.

Според Noizz, Ема, која неодамна ја обои косата во небесно сина боја, претежно носи широки панталони, некои автентични џемпери или преголеми маици и тоа им беше „трн во око“ на многумина, па си дадоа право да коментираат за тоа како изгледа едно дете.

„Сиромашка, изгледа како татко и“, „На кого е ваква?“ „Она кога мајка ти е Џеј Ло, и ти изгледаш вака“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Лопез досега не зборувала на оваа тема, иако има поединци кои ја обвинуваат и за физичкиот изглед на нејзината ќерка – што е целосно во согласност со нејзините години и лудориите на тинејџерите.

Се работи за дете. Таа има само 13 години. Може да се облекува како што сака, без да ја малтретираат потполни странци.

Слични содржини