Ќерката на Еминем го промени личниот опис и име (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Посвоената ќерка на раперот Еминем, Витни Скот Матерс, ја извести јавноста дека е небинарна личност, а смислила и ново име со кое сака луѓето да ѝ се обраќаат.

Небинарните лица се декларирани како лица кои имаат преклопувачки или недефинирани линии помеѓу половите идентитети, имаат два или повеќе рода, односно не се изразуваат како машки или женски.

Таа сподели дека луѓето можат да ѝ се обраќаат со тој, таа или тоа, и објави видео на TikTok каде го спореди нејзиниот изглед во минатото и начинот на кој изгледа сега.

„Засекогаш ќе растам и ќе се менувам. По долго размислување, Стиви беше првото име со кое се чувствував добро“, напиша ќерката на Еминем со видео кое предизвика бројни реакции и коментари.

Слични содржини