Ќерката на Гејтс се огласи за разводот: „Предизвикачки период за целото наше семејство“

од Vladimir Zorba

За разводот на своите родители, Бил и Мелинда Гејтс се огласи и нивната најстара ќерка, 25-годишната Џенифер на Инстаграм.

– Здраво драги мои пријатели. Досега, веројатно повеќето од вас ја слушнале веста за разводот на моите родители. Тоа беше предизвикачки период за целото наше семејство. Јас сè уште учам да се справам со ситуацијата и моите емоции и емоциите на моето семејство во оваа нова ситуација. Нема да ја коментирам темата за разводот на моите родители во иднина, но сакам да ви се заблагодарам за сите љубезни зборови и сакам да ви кажам дека вашите зборови за поддршка ми значат многу. Ви благодариме што ја разбравте нашата желба за приватност додека преминуваме во следната фаза од нашите животи – напиша Џенифер на Инстаграм.

Нејзините родители вчера ја информираа јавноста дека се разведуваат по 27 години брак.

– После многу размислување и работа на нашата врска, решивме дека нашиот брак е готов. Во текот на 27 години, одгледавме три прекрасни деца и изградивме фондација што им овозможува на луѓето ширум светот да водат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како двојка во овие фази од нашите животи“, објавија Бил и Мелинда Гејтс вчера на Твитер.

Слични содржини