Ќерката на принцот Хари треба да се роди на роденденот на неговиот покоен дедо, а еве кои се можните имиња за МАЛАТА ПРИНЦЕЗА

од Vladimir Zorba

Ќерката на принцот Хари и Меган треба да се роди во четврток, на 10 јуни, денот кога принцот Филип требаше да го прослави својот 100-ти роденден, пишуваат британските медиуми.

Идните родители размислуваат да го именуваат своето ново дете по покојниот војвода од Единбург, кралицата Елизабета или принцезата Дајана, објави „Сан“. Повикувајќи се на упатените во САД – каде Хари и Меган заминаа откако го напуштија тронот минатата година – весникот тврди дека Сасекси размислувале да ја именува својата ќерка Пип, по покојниот дедо на Хари или Лили по неговата баба, кралицата Елизабета Втора.

Принцот Филип почина на 9 април, само два месеци пред неговиот јубилеен роденден.

– Бебето би требало да се роди на роденденот на Филип и ќе биде многу посебно ако тоа се случи тогаш. Ако ја наречат Пип, тоа би бил прекрасен начин да му оддадат почит на Филип – откри изворот на весникот.

– Хари разговараше за датумот на раѓање и можните имиња со блиски пријатели и тие зборуваат за тоа доста отворено сега кога се приближува (датумот).

Двајцата веќе го имаат синот Арчи (2).

Новиот извештај доаѓа откако Меган и Хари беа деградирани на официјалната веб-страница на кралското семејство, откако ги напуштија своите должности и се преселија во Калифорнија. Сасекси сега се наоѓаат на списокот подолу принцот Едвард и Софи Весекс и принцезата Ана и војводата од Јорк.

Зголемената улога на принцот од Велс, таткото на Хари, Чарлс, како активен наследник кој се подготвува за устоличување, се рефлектираше во неговата промоција на врвот на списокот на „Кралското семејство“ на веб-страницата Royal.uk.

И покрај промената на списокот, страницата наведува дека Хари и Меган сепак ќе бидат на релација Британија-САД.

Слични содржини