Ќерката на Путин во врска со маж со исто презиме како и украинскиот претседател

од Nikola Popovski

Ќерката на Владимир Путин, Катерина Тихонова е во врска со маж кој го има истото презиме како и украинскиот претседател Зеленски. Двојката наводно има двегодишно дете. Тие со години се посетуваат во Минхен, но поради санкциите кои ја опфатија Катерина, нејзините летови веќе се оневозможени.

Катерина Тихонова, ќерката на Владимир Путин од бракот со поранешната прва дама на Кремљ, Људмила, е во врска со балетан кој своето презиме го дели со украинскиот претседател Зеленски, пишува Дневник.хр.

Санкциите против 35-годишната Катерина, воведени поради инвазијата на Украина, ги прекинаа нејзините редовни летови од Москва до Минхен, каде што се сретна со Игор Зеленски, 52-годишен руски балетан. Во својата успешна кариера како танчер и режисер, Зеленски работеше во Њујорк и Лондон, а до неодамна го водеше и Баварскиот државен балет. За време на нивните средби во Минхен, тие биле чувани од руските тајни служби.

Катерина, која до 2017 година беше во брак со најмладиот руски милијардер Кирил Шамалов (40), има двегодишна ќерка со новиот партнер Зеленски, открија руската независна новинска куќа IStories и германски Der Spiegel.

Путин не беше наклонет кон Русите кои живеат на Запад, и покрај тоа што неговата ќерка често патува во Минхен со целосна државна поддршка и обезбедување за да поминува време со своето момче. До почетокот на оваа година и војната во Украина, изгледа таа живеела со него во Германија.

Новинарската истрага откри документи кои ги докажуваат летовите во кои биле Тихонова, Зеленски, детето, дадилките и обезбедувањето. Во период од две години, Катерина повеќе од 50 пати одлетала за Минхен, каде што работел Зеленски. Документите ги содржат пасошите на ќерката на Путин, Зеленски и на девојче родено во 2017 година.

Се верува дека Зеленски, Русин со грузиски корени, не е поврзан со украинскиот претседател Владимир Зеленски. Катерина Тихонова, која е родена кога нејзиниот татко бил шпион на КГБ во Германија, според ретки и претходни снимки, била страсна акробатска „рокенрол“ танчерка.

Слични содржини