Ќерката на Рис Витерспун е копија на својата мајка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Рис Витерспун сподели неколку фотографии со својата наследничка, а нивната сличност е неверојатна.

Рис се омажи за Рајан Филипе во 1999 година, а по седум години брак решија да стават крај на својата љубов.

Во бракот ја добија ќерката Ава и синот Дикон.

Ава неверојатно потсетува на својата мајка, а многумина ја нарекуваат нејзина копија.

Тие двае дури имаат иста фризура и боја на коса.

Да потсетиме, Рис го доби синот Тенеси во вториот брак со Џим Тот.

Слични содржини