Ќерката на Шварценегер зборуваше за нејзината зависност од таблети

од Stefanija Kuzmanovska

Режисерката Кристина Шварценегер, најмладата ќерка на актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, зборуваше за својата борба со нарушувањето на хиперактивност кое го имала како дете.

Имено, на Кристина како дете ѝ било дијагностицирано нарушување, поради што започнала да пие апчиња наречени Адерал.

Немала проблеми со нив, тие ѝ помагале сè додека не заминала на факултет.

Како што раскажа, нејзината зависност започнала поради стресот што морала да биде успешен на истиот факултет на кој се школувала и нејзината мајка Марија Шривер, за да не ја разочара.

Вели дека веќе ја нема таа зависност, но затоа сака да ја подигне свеста за фактот дека оваа таблета може да ја предизвика.

Слични содржини