Ќерката на Трамп вика и беснее на плажа

од Vladimir Zorba

Тифани Трамп, ќерката на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во последните неколку дена го слави својот дваесет и седми роденден. Во еден момент, таа збеснала по телефонскиот разговор.

Имено, на третиот ден од прославата, Тифани „се преселила“ од луксузните ресторани на плажа во Малибу, а папараците ја фотографирале во агресивно менување на расположението. Во еден момент, таа почнала да вика во телефонот, да врти со очите и набрзина да им објаснува на своите пријатели.

Американските медиуми наведуваат дека не е познато зошто ќерката на сегашниот претседател претрпела, како што велат, нервен слом на плажа, но неколку часа подоцна таа се „почастила“ со шопинг.

Фотографиите се објавени во странски медиуми.

loading...

Слични содржини