Ќерката на Вил Смит го коментираше шамарот на Оскарите и разбесни многумина

од Stefanija Kuzmanovska

Вилоу Смит, ќерката на Џејда Пинкет Смит и Вил Смит, за прв пат го коментираше инцидентот што нејзиниот татко го предизвика на доделувањето на Оскарите кога му удри шлаканица на водителот, комичарот Крис Рок, поради шега за алопеција и ќелавост на Џејда.

„Го гледам целото мое семејство како луѓе. Ги сакам и ги прифаќам во нивната човечност. Поради ситуации во кои се наоѓаме, нашата човечност понекогаш не е прифатена и сме принудени да се однесуваме на начин кој не е здрав и праведен“, изјави таа во интервју за странски медиуми.

Таа додаде дека инцидентот не влијаел на нејзината креативност и дека не ја потресол како нејзините „сопствени внатрешни демони“.

„Повеќето луѓе сепак не им удираат шамар на другите луѓе“

Корисници на социјалните мрежи не беа баш воодушевена од објаснувањето на Вилоу.

„Ама ајде, повеќето луѓе не одат наоколу да удираат шамари на други луѓе. Нема извинување за тоа“, напишал еден корисник.

„Те молам драга. И ние сме луѓе, но не им удираме шамар на други луѓе на телевизија. Имаме некои манири и почит“, додаде друг.

Слични содржини