Ќерките ги наследуваат негативните навики на мајката

од Vladimir Zorba

Американски социолози открија необична законитост – колку повеќе сексуални партнери имала една жена пред да се омажи и да роди дете, толку поголема е веројатноста нејзината ќерка да се однесува на ист начин во кревет. “Сосема е можно да жените кои имале многу партнери во животот, не можат да одржуваат добри односи со своите сопрузи, не можат да се справат со конфликтите, страдаат од ментални проблеми и други нешта кои ја поткопуваат стабилноста на семејството. Тие можат да ги предадат овие карактеристики на своите деца, што исто увезува нестабилност во нивниот живот “, вели Клер Кемп-Туш од Универзитетот во Охајо.

Во последните години научници, политичари и активисти активно разговараа што го управува однесувањето на човекот, вклучувајќи ја склоноста да ризикува, штетните навики, почетокот на сексуалниот живот, раѓањето на прво дете и вкупниот број на деца, а исто така и многу други фактори од нашиот живот.

Многу од овие студии доведоа до интересни и сосема неочекувани заклучоци. На пример, стана јасно дека тинејџерите почнуваат да имаат секс порано не заради особеностите на воспитувањето, туку поради постоење на одредени мутации во гените кои ја управуваат работата на мозокот. Склоноста кон зависност е поврзана не само со одредени варијации во ДНК, туку и со промени во структурата на протеинското “пакување” на геномот.

Кемп-Туш и нејзините колеги откриле уште еден сличен пример за невообичаено “наследување” на однесување, набљудувајќи го животот на 8000 млади момчиња, девојки и нивните деца во текот на повеќе од 24 години, почнувајќи во 1979 и завршувајќи во наши денови.

Сите учесници во ова истражување периодично се среќавале со научниците и им раскажувале сè за својот сексуален живот, вклучувајќи нови партнери, заеднички живот, руптура на односи и воопшто нешта кои не се одразуваат во официјалните документи.

Подоцна Кемп-Туш и нејзиниот тим спровеле слични анкети меѓу децата на учесниците во првото анкетирање, кои веќе се возрасни и имаат воспоставено сопствени семејства за периодот на набљудување. Излегува дека бројот на сексуални партнери во животот на ќерките е скоро секогаш еднаков или близок со оној на нивните мајки. Ова влијае не само на “официјалните” односи, туку и краткорочни односи и граѓански бракови. Според научниците, ваквите карактеристики во однесувањето најверојатно се должат на генетските фактори.

Слични содржини