Кетрин Зета-Џонс конечно покажа како изгледаат нејзините деца

од Vladimir Zorba

Актерката Кетрин Зета-Џонс ретко објавува семејни фотографии на социјалните мрежи, а овој пат направи исклучок, па покажа фотографија од своите деца – синот Дилан и ќерката Карис, кои јавноста немаше шанса толку често да ги гледа.

Ќерката на Зета има 17 години, додека Дилан неодамна наполни 20 години. Нивната мајка сега одлучи да ја покаже нивната слика кон која напиша:

„Летото официјално заврши во нашето семејство. Денес, нашите млади се враќаат на учењето. На различен, без преседан начин. Ве сакам и двајцата… И порака за сите деца. Знаењето е клучот за животот. Значи, борете се. И ова ќе помине“, напиша таа, додека следеа лавина коментари под објавата.

Многумина дури коментираа дека децата многу личат на неа.

Слични содржини