Кетрин Зета-Џонс повикала полиција поради нејзиниот сопруг: „Мајкл повторно почна да пие“

од Stefanija Kuzmanovska

За разводот на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се зборува уште од минатото лето, меѓутоа, тие во меѓувреме го демантираа тоа, но сега повторно имаат проблеми.

Според американските медиуми, пред неколку недели полицијата пристигнала во домот на актерот, по што следела брза помош. Кетрин наводно повикала полиција затоа што се чувствувала загрозена, па реагирала на време.

– Мајкл е очаен поради болката што ја има со болеста, тој повеќе не е истиот човек, па затоа повторно почна да пие – започна изворот.

– Пијан е секој ден, не се отрезнува, а кога ќе претера, почнува да лупа и да фрла работи низ куќата. Фрла кон Кетрин со што стигне, навистина пукна и станува агресивен, па таа не знае што да прави. Сега, дури и да се разведе, ќе мора да го смести во институција, бидејќи не е во можност да се грижи самиот за себе – заклучи изворот.

Слични содржини